Од петок акција за собирање кабаст отпад во Ародром и Ново Лисиче

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје, поточно со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од петок, 3.3.2017 година ќе почне акција за собирање кабаст отпад. Акцијата на 3 март ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 7 до 9.30 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

 

При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот. Акцијата на 4 март, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански. Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...