Викендов привремен сообраќаен режим на булеварот „Борис Трајковски“

Градот Скопје ги известува учесниците во сообраќајот дека во деновите од претстојниот викенд, сабота и недела, ќе се изведуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булеварот „Борис Трајковски“.

 

Прекопите ќе се изведуваат на локацијата пред втората капија на фабриката ОХИС и кај семафорот во населбата Пинтија, во времетраење од 8 до 16 часот.

Поради тоа, на булеварот „Борис Трајковски“ ќе се воведе привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се молат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на коловозот./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...