Фрлен молотов коктел врз Музејот на албанската азбука во Битола

Претпладнево полицијата ја обезбедуваше зградата на Музејот на албанската азбука во Битола, врз кој бил фрлен Молотов коктел, при што дел од стаклата на прозорите на музејот и на влезната врата се искршени, а пред влезот се видливи траги од Молотовиот коктел, пренесува ТВ Тера.

 

Од СВР Битола најавиле дека повеќе детали за настанот ќе соопшти Министерството за внатрешни работи во Скопје. Не е првпат овој музеј во Битола да биде цел на демолирање.

Од Музејот велат дека рано утрово околу 4 часот, четворица маскирани лица фрлиле Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола. Од Музејот велат дека лицата сакале да го запалат објектот, но не успеале, ги искршиле само прозорците.

Loading...