СОС Охрид: Нема да се гради хотел во Лагадин

По неколкумесечна битка за поништување на одобрението за градба на незаконскиот хотел во Лагадин кој лажно се претставуваше како објект во сопственост на ТУИ Холандија, Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, соопшти дека Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) бара од Општина Охрид да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба.

 

„Во меѓувреме, известување стигна и од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во кое се вели дека општината го усвоила Општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена на влијание врз животната средина! Дополнително, Инспекторатот за животна средина ги потврди и нашите констатации дека објектот не смее да се гради на помалку од 50 м од највисокиот водостој на езерото. Овде секако вреди да се спомене и информација која отсуствува во известувањето, а тоа е дека при носењето на тој акт Општината им го попречила пристапот до правда на сопствениците на имоти во Лагадин усвојувајќи јавен документ за кој не се одржала јавна расправа каде што би се чуле гласот и мислењето на засегнатите граѓани“, велат од СОС Охрид.

Известувањата од инспекторатите се официјално проследени до сите советници од Советот на Општина Охрид.

Сепак, како што соопштил Инспекцискиот совет на РМ, поради комплексната природа на случајот и многуте прекршени закони, постапката е сè уште во тек и конечното решение по случајот допрва треба да биде добиено./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...