ЈО: Постапка против функционер во општина Струмица за злоупотреба на службена положба

Јавното обвинителство (ЈО) за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно службено лице носител на висока функција во општина Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1од Кривичниот законик.

 

Осомничениот во 2010 година во исти ден повластувајќи исто правното лице од Струмица склучил четири посебни договори со вкупна вредност од 1.029.549,00 денари за асфалтирање на една иста улица во населено место во општина Струмица, наместо да спроведе една транспарента постапка за јавна набавка со објава на оглас за доделување на договор.

Истовремено распишал и спровел четири одвоени постапки за прибирање на понуди без оглас и покрај законската забрана за делење на договор за јавна набавка на повеќе посебни договори со пониска вредност, со што ги изиграл одредбите од Законот за јавни набавки на штета на Буџетот општината./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...