Жерновски: Трајановски веднаш да ја повлече незаконската одлука за изградба на улица на Кеј

Во саботата Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука, велат од општина Центар.

 

„Во посточекиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот ДУП – никаде не постои. Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП“, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

„Општина Центар досега ја блокираше изградбата на улицата со сите расположливи правни механизми и ќе продолжи тоа да го прави за да се заштити овој дел на кејот на Вардар. Го повикуваме државниот инспекторат веднаш да го преиспита ова незаконски издадено одобрение за градба од страна на Град Скопје. И како што е практика на ВМРО-ДПМНЕ, ова одобрение, градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31-ви декември, во ден сабота“, додаваат од општината.

„Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013-та година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности. Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат државниот инспекторат, за истиот да се произнесе за оваа незаконска градба“, порачуваат од општина Центар./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...