Град Скопје: Изградбата на пристапната улица е предвидена со ДУП од општина Центар донесен во 2012-та година

Градот Скопје сака да ја информира јавноста дека изградбата на оваа пристапна улица со посебен сообраќаен режим е предвидена со детален урбанистички план донесен од Општина Центар во 2012 година, а истата ја гради приватен инвеститор.

 

Град Скопје не е институцијата која ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа која ќе ја гради, велат од Град Скопје.

За жал, оваа тема веќе подолг период се злоупотребува од страна на одредени институции и политичари, кои се обидуваат да ги извртуваат фактите и се обидуваат да ја манипулираат јавноста, додаваат од таму.

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за пристапна улица која според сегашниот ДУП не е подземна туку е надземна и е со посебен сообраќаен режим, која ќе биде уредена од плочки. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење, порачуваат од Град Скопје./извор:Макфакс

Loading...