Нова детска градинка во Ново Лисиче

Ќе се гради нова детска градинка во рамки на градинката „Бубамара“ во населбата Ново Лисиче. Општина Аеродром објави тендер за изградба на капацитет за згрижување на повеќе од 250 деца.

 

Новиот објект ќе има приземје и еден кат со вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Во рамки на приземјето се предвидени четири занимални за деца од две до четиригодишна возраст. На катот предвидени се две занимални, односно јасли за деца до две години, како и две занимални кои можат да ја менуваат својата функција за возраста на децата зависно од потребата.

Според градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display