Изградба на нови тротоари и пешачки патеки во Прилеп

Градот под Марковите кули, деновиве интензивно работи на поставување на нови тротоари, изградба на пешачки и велосипедски патеки. Станува збор за улицата „Александар Македонски“.

 

„Во моментот се работи на улицата „Александар Македонски“ поточно на потегот од улицата „Димо Наредникот“ до фабриката 11-ти Октомври и тоа од десната страна, се прават за прв пат во историјата на Прилеп нови тротоари со бехатон плочки, пешачки патеки и патеки за велосипеди со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

Оваа инвестиција чини 30 илјади евра, средства обезбедени од локалната самоуправа.

Од локалната самоуправа на Прилеп истакнуваат дека со ваквиот тип на инфраструктурни проекти ќе се продолжело и понатаму. Само за оваа година од комуналната програма ќе биле направени 5 илјади м2, тротоари со бехатон плочки и средувањето на тротоарите, изградба на пешачки и велосипедски патеки на повеќето фреквентни сообраќајници со кои значително ќе се олеснело движењето на пешаците./извор:Макфакс

Loading...