„Исламска држава” контролира само 12 квадратни километри од Мосул

Блискоисточната радикална група „Исламска држава” контролира само 12 квадратни километри од регионот на Мосул. Ова го изјави портпаролот на ирачката армија, бригадниот генерал Јахја Расул, пренесува Ројтерс.

 

Истовремено портпаролот на меѓународните сили кои ги поддржуваат војниците на Багдад во нивната борба против „Исламска држава” увери дека џихадистите целосно се опколени во Мосул./извор:Макфакс

Loading...