Улицата „Браќа Чакреви“ во нас. Ѓорче Петров целосно се реконструира

Со отстранување на старата асфалтна подлога почна целосната реконструкција на улицата „Браќа Чакреви“ во Општината Ѓорче Петров.

 

„Реконструкцијата ќе опфати промена на коловозот, на тротоарите со широчина од 1,5 метри, а ќе биде изведена и нова атмосферска канализација со широчина на цевките од 250 мм. Во проектот е планирано и поставување на новото улично осветлување.

Улицата е со должина од 330 метри и широчина од 6 метри. Работите ќе ги реализира АД „Карпош“ Скопје. Средствата за реализација на проектот во висина од 10,8 милиони денари ги обезбеди Министерството за транспорт и врски и Општината Ѓорче Петров. Ако работите се одвиваат по предвидениот план, работите на реконструкција на улицата ќе траат до крајот на јуни 2017 година, се наведува во информацијата на Општина Ѓорче Петров. ./извор:Макфакс

Loading...