Баша: Албанија е плантажа на дрога

Албанија е претворена во една плантажа на дрога, рекол лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша за весникот Дер Шпигел. „Ние сакаме да учествуваме на изборите, но не во состојба кога резултатите од изборите се поврзани со криминалот и корупцијата кои владеат во Албанија“, нагласил Баша.

 

Според него, понудата на владата на премиерот Еди Рама за добивање четири заменици министри од опозицијата е неприфатлива бидејќи за да се има објективни и коректни избори неопходна е техничка влада.

 

Баша истакнува дека голем број од пратениците од власта се корумпирани исто онака како што се корумпирани и членовите на владата на Рама.

 

Опозицијата е убедена дека во состојба кога земјата е „плантажа на дрога“ тешко може да има праведни избори, а поради тоа, и покрај притисокот на меѓународниот фактор, таа одбива да учествува на парламантарните избори кои треба да се одржат на 16 јуни.(Макфакс)

Loading...