Град Скопје: Поставени осум туристички патоказни табли

За промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите, Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот.

 

Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“ поставени се 8 столба со по 3 патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

Овие туристички табли се поставени на следните локации:

1 – Плоштад „Филип Втори“, наспроти црквата „Свети Димитрија“
– Плоштад „Македонија“
– Спомен куќа на мајка Тереза
– Стара скопска чаршија

2 – Плоштад „Филип Втори“ до Камениот мост
– Музеј на Град Скопје
– Стара скопска чаршија
– Скопско Кале

3 – Плоштад „Македонија“ до Ристиќевата палата
– Музеј на Град Скопје
– Спомен куќа на мајка Тереза
– Стара скопска чаршија

4 – Наспроти Порта Македонија
– Спомен куќа на мајка Тереза
– Плоштад „Македонија“
– Стара скопска чаршија

5 – Наспроти Собрание на РМ
– Стара скопска чаршија
– Плоштад „Македонија“
– Спомен куќа на мајка Тереза

6 – Меѓу хотелот „Холидеј ин“ и мостот
– Плоштад „Македонија“
– Камени мост
– Стара скопска чаршија

7 – Улица Македонија, кај пешачкиот „Рекорд“
– Спомен куќа на мајка Тереза
– Музеј на Град Скопје
– Стара скопска чаршија

8 – Улица „Македонија’, кај пешачкиот на улицата Даме Груев
– Музеј на Град Скопје
– Спомен куќа на мајка Тереза
– Камени мост/извор:Макфакс

Loading...