Нов систем на три подземни контејнери во Гази Баба

Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски со претставници од ЈП Комунална хигиена, жители, присуствувааа во Триангла на отпочнување со работа на подземни
контејнери, на една од трите локации, покрај Ченто и Хиподром, во општина Гази Баба, каде што има инсталиран систем со 3 контејнери. Контејнерите се со зафатнина од по 3 кубни метри, од кои 2 се за мешовит отпад од домаќинствата, а еден контејнер за ПВЦ амбалажа. Вкупната инвестиција на овој проект е 6,6 милиони денари, од кои сите учесници во проектот инвестираа по 2.200.000 денари.

 

Во насока да се подобри хигиената во општината, претходно беа поставени подземни контејнери во Автокоманда, Железара и Јане Сандански, а општината во следниот период ќе реализира уште еден проектот за
поставување на систем на 3 подземни контејнери за собирање на комунален и друг вид неопасен отпад, во соработка со град Скопје и ЈП Комунална хигиена.

Во моментот се работи на терен за изнаоѓање на три микролокации за кои се собираат податоците од сите претпријатија во однос на подземните инсталации и каде што ќе има можност, ќе се инсталираат уште три
подземни контејнери, со што на територија на општината ќе има вкупно девет локации со подземни контејнери./извор:Макфакс

Loading...