Ќе се реконструира уште една улица во Бутел

Градот Скопје ги продолжува инвестициите во комуналната инфраструктура на територијата на општина Бутел. Aктивно се работи на реализацијата на првата фаза од капиталниот проект за изградба на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, од минатата недела се реконструира улицата „Втора македонска бригада“, а денеска започна реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“.Оваа сообраќајница ќе се реконструира од крстосницата со улица „Бутелска“ до крстосницата која води кон влезот во гробиштата Бутел.

 

Со овој градежен зафат, во должина од 808 метри и ширина од 6,5 метри ќе биде извадена старата и оштетена коцка и ќе биде нанесен нов асфалт. На овој потег на улицата од двете страни ќе бидат изградени нови тротоари со ширина од по два метри.

Во текот на градежните работи на оваа делница, во должина од околу 300 метри ќе биде поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, а ќе бидат поставени нови сливници и шахти.По должината на улицата ќе биде обновено и осветлувањето и ќе бидат поставени 27 столбови за осветлување.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за овој градежен зафат, Градот Скопје ќе издвои околу 18,5 милиони денари./извор:Макфакс

Loading...