Општина Центар ќе го казни БЕГ за раскопаните улици и тревници

Општина Центар ќе ја казни „Балкан Енерџи Груп“ поради штетата што ја остави зад себе на улиците „Народен Фронт“ во Капиштец и „Ѓуро Ѓоновиќ“ во Маџир Маало, по интервенцијата на топлинската мрежа.

 

„Ископана улица и ударни дупки, уништени тротоари и зеленило, ова е сликата која остана на улица „Народен фронт“ во Капиштец, по интервенцијата на топлинската мреже од страна на „Балкан Енерџи Груп“.

И покрај донесеното решение за враќање на прокопот во првобитна состојба, БЕГ не постапи по решението. Од тие причини Општина Центар ќе достави глоба до инвеститорот и изведувачот.

За инвеститорот, по член 150 став 1 од Законот за градење, глоба во износ од 7.000 евра за правното лице и глоба во висина од 30 отсто од одмерената казна за правното лице ќе му се изрече за прекршокот на физичко лице, одговорно на правното лице. За изведувачот, по член 156 б став 3, глоба во износ од 4.000 евра и глоба во износ од 30 посто за физичкото лице.

Глобата мора да се плати во рок од осум дена, во спротивно проблемот ќе се решава по судски пат.
Општина Центар, штитејќи ги пред се интересите на граѓаните, нема да дозволи самоволие на нејзина територија од страна на ниту една компанија.

БЕГ во иднина нема да добие дозвола за градежни активности на територија на Општина Центар се додека не ги исполни наведените обврски“, стои во соопштението од Општина Центар./извор:Макфакс

Loading...