В понеделник во Скопје прскање против комарци од земја

Град Скопје соопшти дека терестичната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира в понеделник во период од 7 до 17 часот.

 

Со оваа дезинсекција, како што се наведува, ќе бидат опфатени стоечките водни површини во градот Скопје и во неговата околина.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје и ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите./извор:Макфакс

Loading...