Дебар без вода по повеќе од пет часа

Градот Дебар кој се снабдува со вода за пиење од водоводот Росоки –Дебар и оваа лето има проблеми со водоснабдувањето. Поголемиот дел од градот дневно нема вода за пиење по повеќе од пет часа. Најтешка е состојбата во населбите Венец 1 и Венец 2 , Центарот како и во некои други населби во градот.

 

Во јавното комунално претпријатие ,,Стандард“ велат дека проблемот со водоснабдувањето е поради злоупотребата на водата за пиење за наводнување на земјоделски и други зелени површини. Но, нема информации дали некој е казнет за злоупотребата, бидејќи добар дел од жителите на градот имаат големи проблеми со водоснабдувањето. Во јавното претпријатие кое управува со водоводот, нагласуваат дека во резерварот се влеваат повеке од 100 литри вода во секунда , но сепак реакциите на населението се големи .

Последните две години Дебар преку меѓународни фондови реализираше проекти за балансирање во водоводната мрежа за што беа инвестирани над 4670 илјади евра. Беше извршена санација на повеќе главни шахти на водоводот, а беа поставени и дигитални мерачи на вода. Ефектите ги има, но не се на потребното ниво, велат познавачи на водоснабдувањето во Дебар .

Злоупотребата на водата бара санкциии, наведуваат претставници на невладиниот сектор.

М.Н.

 

Loading...