Некои од корисниците на Шуто Оризари и Петровец утре ќе останат без струја

Центарот за управување со кризи соопшти дека некои од корисниците во општините Шуто Оризари и Петровец утре ќе останат без електрична енергија.

 

„Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека утре се предвидени следните планирани исклучувања на електросистемот во град Скопје: во периодот од 8.30 до 15 часот дел од корисниците од улиците Пелагонија и Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари и во периодот од 9.15 часот корисниците од фирмите „ТС екопел“, „Глобекс“ и „Макдив“ во индустриската зона Ќојлија, општина Петровец“, соопшти ЦУК./извор:Макфакс

Loading...