Легализирани 74 дивоградби во Општина Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода денес додели 74 решенија за легализација на дивоизградени објекти. Со тоа, од досега поднесените 13.855 барања, бројот на легализирани бесправно изградени објекти се искачи на 5.561.

 

Oпштина Кисела Вода ќе продолжи да работи со несмалена динамика на заокружувањето на процесот на легализација и ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.

Крајниот рок за комплетирање на новоподнесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владатаистекува до крајот на 2017 година./извор:Макфакс

Loading...