Центар доби нов парк

Ново детско игралиште е изградено на локацијата позната како КТК во општина Центар.

 

Игралиштето е изработено од дрво, а ќе се постават и клупи за седење.

„Со новото игралиште се комплетира парковската површина, која општина Центар ја уреди хортикултурно. На некогаш запуштениот простор, обраснат, со суво дрво надвиснато над некогашното игралиште и опасно за децата, граѓаните добија убав парк на површина од 640 квадратни метри“, соопшти Општина Центар./извор:Макфакс

Loading...