Викендов во Скопје прскање против комарци

Авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 5 август, авионско, и на 6 август терестрично.

 

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од недела до четврток во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите./извор:Макфакс

Loading...