Кисела Вода и Црвен крст со мерки за заштита на граѓаните од топлотниот бран

Општина Кисела Вода, во соработка со Црвен крст, а во рамки на проектот за помош на граѓаните од високите температури, испрати медицински тим на терен и на граѓаните кои се надвор од своите домови им дистрибуира вода за освежување.

Исто така, волонтерите на Црвен крст со сопствени возила вршат транспорт на стари лица до дома доколку за тоа има потреба. Исто така, граѓаните можат да побарат и медицински совети од лекар на телефонскиот број 071 216 823.

Оваа активност, која започна на почетокот на јули, ќе продолжи да се одвива до крајот на август и ќе се реализира во услови на високи надворешни температури.

Проектот за „заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период” се реализираше и во минатите години како дел од програмата на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита при Општина Кисела Вода.

Проектот во кој локалната самоуправа кофинансира има за цел да ја промовира позитивната свест кај граѓаните на Општина Кисела Вода за превенција од последиците од високите температури и современиот начин на живеење./извор:Макфакс

Loading...