Делови од Скопје утре ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека утре без струја ќе останат дел од корисниците на повеќе скопски населби поради технички зафати на „ЕВН Македонија“.

 

Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Малина Попиванова, општина Кисела Вода, во периодот од 8 до 13 часот корисниците од дел од Кучевишка Бара, фирмата „Дрво метал“ и патот за Радишани, општина Бутел.

Во периодот од 9 до 11.30 часот без струја ќе останат корисниците од објектот на „Свед Милк“ во населбата Илинден, во периодот од 8 до 12 часот корисниците од улицата Христо Татарчев – делот кај задната постојка на линијата 24 и подулиците 2, 4, 6 и 15 и околината во општина Кисела Вода и во периодот од 8 до 15 часот корисниците од делови од улиците Петар Драганов, Софиска, Копенхагенска и Бриселска, општина Карпош.

 

Loading...