Многу насмевки на новогодишниот базар во Скопје

Град Скопје подари насмевки и радост на илјадниците граѓани кои го посетија Новогодишниот базар „Подари среќа“ што траеше осум дена.

Повеќе: Многу насмевки на новогодишниот базар во Скопје

Без вода корисниците на потегот од Усје до Зелениково

Поради уличен дефект во вторник од 08.15 часот па сѐ до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците на потегот од Усје до Зелениково ( Усје, Пинтија, Пржино, Драчево, фабриката Охис, Студеничани, Моране, Зелениково и Долно Лисиче ).

Повеќе: Без вода корисниците на потегот од Усје до Зелениково

Во Скопје ќе се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат поради загадувањето

Службите на град Скопје, од саботата вечерта започнаа со прскање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

 

Со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на градот, како и булеварот „Трета македонска бригада” (од крстосницата со улицата „Коста Новаковиќ” до крстосницата со булеварот „Србија”) и булеварот „Србија” (од крстосницата со булеварот „12-та Македонска бригада” до крстосницата со булеварите „Видое Смилевски Бато” и „Јане Сандански”) во Општина Аеродром. Согласно со условите на терен, бројот на улици кои ќе се третираат со ова средство ќе се зголеми.

Град Скопје нагласува дека брзината на движење на возилата на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, поради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е веќе поставена и соодветна сообраќајна сигнализација, а изработен е и соодветен сообраќаен проект.

„Калциум магнезиум ацетат е средство кое се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува за подолг период. При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој исто така не е опасен по здравјето на луѓето“, информираа од Град Скопје.

Во соопштението се наведува и дека искуствата од европските градови каде што се користи ова средство укажуваат дека со негово аплицирање потенцијалот за намалување на прашината е од 10 до 30 отсто. За реализација на овој процес, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ минатата 2015 година специјално адпатираше шест од новите возила.

 

Можност за плаќање на долгот кон „Водовод и канализација“ без извршители

Согласно измените во Законот за извршување, кои настапуваат од јануари 2017 година и воведувањето на вонсудската наплата на долговите, на граѓаните кои имаат долг по основ на користење на услугите на нашето претпријатие, со воведувањето на вонсудската наплата на долговите, ќе им се дава можност да го регулираат својот долг без да се изложуваат на поголеми дополнителни трошоци ( судски, нотарски и извршителски).

Повеќе: Можност за плаќање на долгот кон „Водовод и канализација“ без извршители

Казни за четири кафулиња во Центар заради прегласна музика

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени од страна на Општина Центар, откако било утврдено дека во кафе бар “Чао“, паб “Комедија“, “Аперитиво бар“ и “Џуси бар“ се пушта музика погласно од дозволеното.

Повеќе: Казни за четири кафулиња во Центар заради прегласна музика

Продолжува асфалтирањето на рутите на велосипедските патеки низ Скопје

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ работат на повеќе локации за оформување и асфалтирање на велосипедските патеки во рамките на проектот „Скопје велоград 2017“.

Повеќе: Продолжува асфалтирањето на рутите на велосипедските патеки низ Скопје

Град Скопје го објави јавниот повик за повластен јавен градски превоз

Градот Скопје упати јавен повик до здруженијата на граѓани, најдоцна до 23 декември да достават список на баратели кои ги исполнуваат условите за повластен превоз во ЈСП.

Повеќе: Град Скопје го објави јавниот повик за повластен јавен градски превоз

Без вода Драчево, Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково, поради голем дефект

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 мм на бул. „Борис Трајковски“ бб (пред мостот Драчево), ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево, село Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково до санирање на дефектот.

Повеќе: Без вода Драчево, Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково, поради голем дефект

Страница 2 од 52