Замина првата група деца на бесплатен летен одмор

На бесплатен летен одмор во Струга денеска замина првата група деца од семејства во социјален ризик. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава 2.000 деца ќе користат бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред, ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија.

Повеќе: Замина првата група деца на бесплатен летен одмор

Во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ќе изврши второ авионско и терестрично прскање против комарци.

Повеќе: Во Скопје ќе се прска против комарци

ФОТОГАЛЕРИЈА: Нема да верувате - Погледнете со каква убавина располага плажата Dupeni Beach!

Dupeni Beach се наоѓа под селото Долно Дупени на самата граница со Грција, покрај Преспанското езеро.

Повеќе: ФОТОГАЛЕРИЈА: Нема да верувате - Погледнете со каква убавина располага плажата Dupeni Beach!

Хотелскиот Комплекс Претор ги отвора вратите за туристите!

Деновиве почнува со работа реновираниот Хотел Претор кој во својот ресторан ќе понуди можност за организирање на свадби, крштевки и други веселби.

Повеќе: Хотелскиот Комплекс Претор ги отвора вратите за туристите!

Зголемување на социјалната вклученост на младите претставници на помалите етнички заедници

По повод меѓународниот ден на Балканските Египќани Ве покануваме да учествувате на настанот „Зголемување на социјалната вклученост на младите преставници на помалите етнички заедници“ во среда, 24 jуни 2015 г., од 18:30 до 20:00 часот во просториите на Здружението за локален развој Акција Плус Ресен.

Повеќе: Зголемување на социјалната вклученост на младите претставници на помалите етнички заедници

Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Утре, од 10 до 20 часот, на Малиот плоштад во Охрид, домаќините и бројните гости ќе имаат можност, преку соодветна фото-изложба, да го согледаат биодиверзитетот на Национален парк Галичица и на Охридско Езеро.

Повеќе: Претставување на биодиверзитетот на Галичица и на Охридско Езеро

Меѓународна петиција за спас на Охридско Езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, денеска, на денот на Охридско Езеро, заедно со Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, Здружението за заштита на животните и животната средина „Еден“ и Здружението за унапредување на меѓусебна доверба „Такт“, објавија меѓународна петиција за зачувување на езерото и на националниот парк Галичица.

Повеќе: Меѓународна петиција за спас на Охридско Езеро

Акција за чистење на Студенчишко блато и плажите за Денот на Охридското Езеро

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, утрово кај Студенчишко Блато, на повеќе пунктови, ја започна акцијата за чистење на просторот, а по завршувањето на акцијата Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе го собере отпадот. Блатото е избрано како единствениот природен филтер на Охридското Езеро, единствената причина поради која езерото е сè уште живо. Зборно место е мостот кај каналот.

Повеќе: Акција за чистење на Студенчишко блато и плажите за Денот на Охридското Езеро

Реконструирана планинарската патека на Водно

Град Скопје, во соработка со Федерацијата на планинарски спортови и со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, ја реконструираше пешачко-планинарската патека Словенска, која се протега од потегот кај полициската станица Водно до Средно Водно.

Повеќе: Реконструирана планинарската патека на Водно

Во Охрид и во Струга се одбележува Денот на Охридското Езеро

Во Охрид и во Струга, со повеќе манифестации, се одбележува Денот на Охридското Езеро – 21 јуни. Целта е, како што велат организаторите , да се придонесе во заштитата, унапредување и вреднување на природните и на туристичките вредности на македонскиот езерски бисер.

Повеќе: Во Охрид и во Струга се одбележува Денот на Охридското Езеро

Страница 52 од 55