ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Починало бебе

На 18.01.2017 година во 07.20 часот во ПС ОН-Виница, дежурен лекар од ИМП-Виница телефонски пријавил дека во куќа во с.Истибања, сопственост на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13.01.2017 година. Екипа од ИМП од ЈЗУ- Здраствен дом – Виница излегле на местото на настанот и од извршениот лекарски преглед констатирана била смрт без траги на насилство.

Повеќе: ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Починало бебе

Мртвов маж лежеше на улица среде Скопје

На 18.01.2017 година во 20.30 часот во Скопје на ул.„Петар Поп Арсов“ бил пронајден починат Д.И. (55) од с.Долно Количани. Смртта била констатирана од страна на лекар од ИМП.

Повеќе: Мртвов маж лежеше на улица среде Скопје

Загадениот воздух во Скопје одзема животи

Алармантно е зголемен бројот на смртни случаи како последица на загадениот воздух во Скопје, покажа истражувањето поддржано од ЕУ, а координирано од Метеоролошкиот институт на Финска, кое во среда беше презентирано од Институтот за јавно здравје.

Повеќе: Загадениот воздух во Скопје одзема животи

Детали за синоќешниот настан во 21 часот и 30 минути на булевар Кузман Јосифовски Питу

На 18.01.2017 година во 23,40 часот во ПС Центар Г.Ј. пријавил дека во 21,30 часот на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ на автобуска постојка врз неговиот 14 годишен син од страна на две непознати лица било извршено разбојништво, на тој начин што едниот го прашал колку е часот, а другиот го удрил во пределот на главата и му го одзел мобилниот телефон, а на другарот кој бил со него му побарале и му одзеле 200 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Повеќе: Детали за синоќешниот настан во 21 часот и 30 минути на булевар Кузман Јосифовски Питу

Ахмети и Груевски се сретнаа – ги анализирале резултатите од изборите и политичката состојба

Претседателите на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски во среда остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба.

Повеќе: Ахмети и Груевски се сретнаа – ги анализирале резултатите од изборите и политичката состојба

Страница 2 од 2101