Ѓоковиќ против Мари за титулата на РГ

Првиот и вториот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари ќе се борат за титулата на вториот Грен слем турнир во сезоната. Минатосезонскиот финалист Ѓоковиќ во полуфиналето го елиминира Доминик Тим, додека Мари беше подобар од бранителот на титулата Стан Вавринка.

 

Првиот светски рекет, Ѓоковиќ, во полуфиналето лесно се справи со новата надеж на светскиот тенис, 22-годишниот Тим. Младиот Австриец единствениот отпор пружи во третиот сет, кога стигна до брејк и водство од 0-3, но Ѓоковиќ бргу се врати во мечот и славеше со 6-2, 6-1, 6-4.

Неочекувано лесна задача во полуфиналето имаше и Мари, иако загуби еден сет од бранителот на трофејот Вавринка.

Британецот победи со 6-4, 6-2, 4-6, 6-2. Вавринка во мечот имаше 41 директен поен и 43 неизнудени грешки, додека Мари забележа 25 винери и 22 неизнудени грешки.

Финалниот меч ќе биде 34-от соочување на Ѓоковиќ и Мари, српскиот тенисер води со 23-10.

Финалето во машка конкуренција ќе се одигра в недела со почеток во 15 часот./извор:Макфакс

Loading...