АБА: МЗТ закован за дното, загуби и од Цибона

Кошаркарите останаа на последната позиција во АБА лигата со само четири победи, откако загубија во 17-то коло од Цибона во Загреб 87:79.



Лошиот финиш ги однесе во пораз кошаркарите на МЗТ во Загреб. Македонскиот шампион во последната четвртина успеа да се врати по негативата од 11 поени, стигна до миниламна предност 76:77 во последните две минути, но до крајот избраниците на Анте Назор поентираа само еднаш, а противникот постигна 13 поени.

Дреновац со 27 поени го предводеше МЗТ, Клоф постигна 16, а Скот 12 кошеви. Кај Цибона се истакна Шакиќ со 26 поени и Рејнолдс со 19 кошеви (9 во третата четвртина) и 11 аситенции./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*