Алексис Санчез во Атлетико доколку Гризман замине во Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед би можел да биде клучниот фактор во евентуалното заминување на Алексис Санчез од Арсенал.

 


Како што пренесуваат англиските месиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран да се засили со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а реализацијата на овој трансфер би ги отворил портите Чилеанецот Санчез да се пресели во Мадрид.

На Островот веќе неколку недели се шпекулира дали Арсенал на својот најдобар играч ќе му понуди нов договор, со поголема плата или тој ќе си замине во летниот преоден рок.

Неодамна менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека Санчез го убедил дека нема да го напушти клубот, но факт е дека Санчез беше исклучително незадоволен и лут по ремито против Бронмут (3-3).

Гризман, од друга страна, потпиша нов договор со Атлетико, во кој е вметната клаузула дека може да си замине доколку заинтересираниот купувач плати 100 милиони евра./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*