НБА: Брилијантни изданија на Дејвис, Вестбрук и Таунс

Карл-Ентони Таунс, Расел Вестбрук и Ентони Дејвис ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.



Вестбрук беше на чекор до нов трипл дабл, тој ја предводеше Оклахома до победата над Чикаго 109:94. Рас мечот го заврши со 21 поен, 9 скокови и 14 асистенции. На спортивната страна Двејн Вејд постигна 22 поени, но целосно потфрли Џими Батлер кој постигна само еден поен.

Њу Орлеанс славеше против Њујорк 110:96, а Ентони Дејвис за 29 минути на теренот забележа 40 поени и 18 скокови. Њујорк го забележа осмиот пораз на последните девет натпревари.

Минесота славеше над Далас 101:92 благодарение на Карл-Ентони Таунс кој мечот го заврши со 34 поени, 11 скокови, 4 асистенции и 3 блокади. Поранешниот играч на Голден Стејт Херисон Барнс со 30 поени го предводеше Далас во чии редови ветаранот Дирк Новицки постигна 26 поени./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*