Шарапова се враќа за четири месеци во Штутгарт

Поранешната најдобра светска тенисерка, Марија Шарапова, по суспензијата на терените ќе се врати за четири месеци на турнирот во Штутгарт.



Шарапова беше суспендирана поради користењето на мелдониум, супстанца која е забранета за користење на почетокот на 2016 година. Русинката првично доби двегодишна суспензија, но Судот за арбитража во спортот и ја намали казната на девет месеци.

„Среќна сум што наскоро се враќам на терените и тоа не еден од моите омилени турнири. Со нетрпение чекам повторно да го работам она што најмногу го сакам“, рекла Шарапова.

Руската тенисерка доби специјална покана од организаторите на турнирот на кој има победено во 2012, 2013 и 2014 година.

Турнирот во Штутгарт на програмата е од 22. до 30.април./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)