Венгер останува во Арсенал до крајот на сезоната

Управата на Арсенал и менаџерот Арсен Венгер по завршувањето на сезоната заеднички ќе ја донесат одлуката за иднината на францускиот тренер во овој клуб, пренесува британскиот сервис BBC.

 

Арсен Венгер и покрај дебаклот на Арсенал во Минхен и поразот од Баерн 5:1, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, BBC тврди дека во моментов не постои можност Венгер да го напушти Арсенал пред сезоната да биде завршена.

Челниците на Арсенал на Венгер му имаат понудено нов договор и таа понуда и понатаму останува, без оглед на она што на тимот му се случи во Минхен. За иднината на Венгер заеднички ќе се одлучува летово.

Венгер (67), Арсенал го предводи од 1996 година, а актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната.

Последните години тој постојано е критикуван од навивачите, поради не толку добрите резултати, иако клубот е редовен учесник во Лигата на шампионите и поради фактот што Арсенал ја нема освоено титулата во Премиерлигата од сезоната 2003/2004./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...