Алексис Санчез решил да го напушти Арсенал

Најдобриот фудбалер и стрелец на Арсенал, Алексис Санчез, решил да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Чилеанецот бил револтиран по тешкиот пораз од Баерн во Минхен (5:1), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

 

Британските медиуми пишуваат дека „капката која ја прелила чашата“ кај Санчез била меѓусебната расправија на фудбалерите во соблекувалната по поразот во Минхен.

Арсенал веќе неколку месеци се обидува да го убеди Чилеанецот да потпише нов договор, но тој ги одбил сите понуди.

Наводно, Алексис Санчез, сакал да се врати во Серија А, каде заинтересирани се Јуветус и Интер, а доколку се реши за некоја друга дестинација, во ред за неговиот потпис стојат ПСЖ и Атлетико Мадрид./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...