Венгер: И да заминам Арсенал нема да победува на секој меч

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, во првото појавување пред англиските медиуми по дебаклот против Баерн во Лигата на шампионите, рекола дека најдоцна за два месеци ќе реши што ќе прави со својата кариера. Тој најави дека нема да се пензионира, а доколку не остане во Арсенал тогаш ќе се пресели во некој друг клуб.

 

Англиската јавност и навивачите жестото „удрија“ по Арсен Венгер по поразот 5:1 од Баррн во Минхен, во Лигата на шампионите. Најжестоки се навивачите, кои заедно со клубот, на титула во Премиерлигата чекаат од 2004 година, тие сакаат Венгер да замине по завршувањето на сезоната.



„Приказните за моето заминување не се ништо ново, веќе сум навикнал на такви работи. Тоа се пишува веќе 20 години. Не би сакал да разговарам на таа тема. Одлуката ќе ја донесам во март или најдоцна во април. Без оглед на тоа што ќе се случи јас ќе ја продолжам својата кариера. Чувствувам голем одговорност кон клубот. Важно е клубот да ја донесе вистинската одлука. Ова го работам веќе 20 години, имам многу можности да замина, но секогаш останував. Мрзам кога губам, но и доколку заминам, Арсенал нема да победува на секој натпревар“, рекол венгер.



Инаку, ден по поразот од Баерн клупското раководство најави дека заедно со Венгер ќе одлучуваат што понатамо по завршувањето на сезоната.

Арсен Венгер на клупата на Арсенал седи веќе 21 година./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...