Хамес: Сакам уште многу години да бидам во Реал

Хамес Родригез ги дематира шпекулациите, дека поради статусот кој го има во Реал, по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

 

На почетокот на неделата неколку медиуми во Шпанија објавија дека Колумбиецот сака да се пресели во Баерн Минхен, чии тренер е Карло Анчелоти.

„Многу размислував на таа тема и ми стана јасно дека Реал е тимот во кој сакам да бидам. Сакам да останам овде уште многу години“, рекол Родригез.

Хамес Родригез оваа сеозна има одиграно 20 натпревари за Реал, но на само четири започнал во стартниот состав.

Тој има постигнати четири голови, три од нив во Купот на Кралот./извор:Макфакс

Loading...