Шмајхел е херојот, Лестер е четвртфиналист во ЛШ

Лестер и Јувентус им се приклучија на Баерн, Борусија, Реал и Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во осминафиналните пресметки Лестер ја елиминира Севилја, а Јувентус беше подобар од Порто. Последните две екипи кои ќе играат меѓу најобрите осум ќе бидат познати в среда, кога осминафиналните реванши ќе ги одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен (4:2), односно Монако и Манчестер Сити (3:5).

 

Лестер минатата сезона испиша историја во Премиерлигата, а во тековната пишува историја во Лигата на шампионите. Англискиот шампион кој во Премиерлигата се бори за опстанок, најпрвин во фазата по групи стана првиот дебитант кој победил на воведните пет натпревари, а сега е првиот дебитан кој изборил пласман меѓу осумтте најдобри во Европа.

Дуелот на „Кинг Пауер“ стадионот донесе уште неколку рекорди, тренерот на Севилја Хорхе Сампаоли е првиот кој два пати во една сезона доби црвен картон, голманот на Лестер Каспер Шмајхел е првиот кои во Лигата на шампионите одбранил два пенали во нокаут фазата (во Севилја му одбрани пенал на Хоакин Кореа, а во Лестер на Стивен Нзонзи), додека капитенот на „лисиците“ Вес Морган е првиот фудбалер од Јамајка кој постигнал гол во Лигата на шампионите.

Кога станува збор за самиот натпревар, впечатокот е дека Севилја своите шанси за пласман во четвртфиналето значително си ги намали на првиот меч кога покрај промашениот пенал, нејзините фудбалери не реализираа уште најмалку три чисти шанси за гол.

Севилја во реваншот само потврди дека тимската форма е во надолна линија, иако доминираше во поседот на топката. Но играчите на трикратниот освојувач на Лига Европа за 90.минута создадоа само две шанси за гол, во третата минута Шмајхел го одбрани ударот на Насри, истото го направи и во 72.минута по ударот на Кореа.

Покрај пеналот кој Шмајхел му го одбрани на Нзонзи во 78.минута, Севилја најблиску до постигнување на гол беше во 52.минута, кога Ескудеро од 30-тина метри ја погоди гредата.

Работата на Севилја и беше отежната од 78.минута кога Самир Насри наивно наседна на провокацијата од Џејми Варди и го доби вториот жолт картон.

Лестер за разлика од Севилја одигра тактички беспрекорно, свесно на технички подобриот тим му ја препушти топката, но секој напад беше потенцијална опасност по голот на Серхио Рико, а исто така сурово ги казнија двете грешки во одбраната на Севилја.

Лестер првиот гол го постигна во 27.минута, кога Марез од корнер нафрли на подалечната статива, Меркадо лошо го затвори Морган, а капитенот на Лестер ја смести топката во мрежата.

Вториот гол е дело на Олбрајтон во 54.минута, кој сам како дух прими една топка на работ од шеснаесетникот и го совлада Рико.

Во самиот финиш Лестер можеше да стигне и до поубедлив триумф, но Варди во 88.та и 90.минута не реалзиира две чисти шанси.

Јувентус рутински го одработи реваншт со Порто по победата на првиот меч во Португалија 2:0. Единствениот гол го постигна Дибала од пенал во 45.минута, откако Макси Переира претходно го спречи Игуаин да псотигне гол, а поради играњето со рака уругвајскиот дефанзивец доби црвен картон./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...