Лука Дончиќ ќе биде прв пик на драфтот во 2018 година

Лука Дончиќ, еден од најталентираните светски кошаркари, најверојатно ќе биде прв пик на НБА драфтот во 2018 година, сметаат водечките светски аналитичари, вклучувајќи го и најпознатиот меѓу нив, новинарот на ESPN Марк Стејн.

 

Лука Дончиќ (18) втора сезона е дел од првиот тим на Реал Мадрид, а оваа сезона блеска во Евролигата со просек по натпревар од 8,7 поени, 4,5 скока и 4,3 асистенции, но она што го истакнуваат аналитичарите е дека неговиот придонес на теренот не може да се искаже низ бројки.

Доколку прогнозите на аналитиачите се остварат, тогаш Дончиќ би бил вториот Европеец во историјата кој е избран од првата позиција, по Андреа Барњани во 2006 година и трет надвор од САД, по Јао Минг од Кина./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...