Бразилски клуб ангажираше голман кој си ја убил девојката, а телото го фрлил на кучињата

Боа Еспорте го ангажираше Бруно Фернандес де Соуза, кој на пошироката фудбалска јавност и стана познат откако тој поради убиството на својата девојка беше осуден на 22 години затворска казна.

 

Клубот организираше и прес конференција на која го официјализираше трансферот на Бруно.

„Луѓето бегаат од мене поради она што се случило во минатото“, рекол Бруно, кој со новиот клуб потпишал двегодишен договор.

Бруно Ернандес де Соуза, во 2010 година ја убил својата девојка Елиза Самудио, го распарчил нејзиното тело и делови од телото им фрлил на своите кучиња.

Бразилскиот суд во 2013 година поради убиството го осуди на затворска казна во времетраење од 22 години.

Бруно на слобода се наоѓа од минатиот месец откако Врховниот суд на Бразил ја уважи неговата жалба./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...