Ди Франческо ќе го наследи Спалети?

Откако се поизвесно е дека Лучано Спалети по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Рома, италијанските медиуми речиси секојдневно лицитираат со името не неговиот наследник.

 

Последните денови, во италијанската јавност, се издвои едно име како веројатен наследник на Спалети. Станува збор за поранешен играч на Рома, сега тренер на Сасуоло, Еузебио ди Франческо.

Овој млад стратег пет години го предводи Сасуоло, екипата која речиси целосно е составена од италијански фудбалери. Ди Франческо го внесе Сасусоло во Серија А, а оваа сезона благодарение на резултатите од минатото првенство играше и во Лига Европа.

„Никогаш не вели никогаш. Рома остана во моето срце, би ми преставувала чест доколку некогаш ми се укаже можност да го водам овој тим“, рекол Ди Франческо.

Инаку, Ди Франческо како играч го носел дресот на Рома и тоа во периодот од 1997 до 2001 година, кога на 168 натпревари постигнал 14 голови.

Ди Франческо е член на генерацијата која со Тоти и Батистута во 2001 година ја освои последната шампионската титула на Рома во Серија А./извор:Макфакс

Loading...