Хамилтон: Јас и Фетел како Ѓоковиќ и Федерер

Луис Хамилтон ја спореди борбата со Себастијан Фетел на неделната трка, на патеката Каталуња, со финалните мечеви помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

 

Возачот на Мерцедес ја однесе победата на трката за Големата награда за Шпанија по голема борба со опонентот од Ферари.

Хамилтон стартуваше од пол позицијата, но во првиот свиок го загуби првото место од Фетел. Потоа овие двајца се менуваа на челната позиција, во моментите кога ги посетуваа своите механичари, за на крајот возачот на Мерцедес ја однесе победата благодарение на подобрата тимска стратегија и брилијантниот потег во 44 круг.

„Она што е добро во борбата со Фетел е она што го сакам и во тенисот, во финалињата помеѓу Ѓоковиќ и Федерер. Се восхитувам на нивната конзистентност, нивната концентрација и начинот да играат на највисоко ниво. Тоа го почувствував во неделата, на трката. Беше интензивно, бев на самиот раб, форсирав до крајот, не можев повеќе од тоа“, рекол Хамилтон.

По пет трки во првенството на Формула 1, лидер е Фетел со 104 бодови, четири повеќе од Хамилтон. Наредната трка ќе се вози на 28.мај низ улиците на Монте Карло.(Макфакс)

Loading...