Пелистер и Шкендија, во среда го играат финалето на Купот

Струмица и стадионот „Младост“ утре од 17:00 часот ќе бидат домаќини на финалето во националниот куп на Македонија. Пелистер и Шкендија ќе се соочат во натпреварот за трофеј.

 

Двата тима имаат по еден пехар во клупската историја. Клубот од Тетово го брани трофејот, а битилчани сакаат реприза од 2001 година кога ја освоија единствениот куп титула досега.

На официјалната прес – конференција спроти утрешниот финален меч очекувањата од пресметката ги дадоа тренерите на Пелистер и Шкендија, Наџи Шенсои и Ехран Селими и капитените на двата тима, Горан Пашовски (Пелистер) и Ардијан Цуцули (Шкендија).

„Ќе го парафразирам Цезар. Нека биде ова битка за народот, нека има игра, а ние ќе бидеме гладијаторите на теренот. Македонија ми е седма земја каде сум работел, а ова ми е вкупно трето финале во куп натпреварување. Во Бугарија и во Албанија ми успеа да стасам во финалето, а сега се надевам и дека ќе го кренам пехарот. Го почитуваме противникот, Шкендија е силен тим, но најважно е да биде коректно и на теренот и на трибините. Нека победи подобриот“, рече Наџи Шенсои, тренерот на Пелистер.

„Сакам да победи подобриот, а секако ќе си подадеме рака. И секако апел до навивачите, нека биде ова претстава за паметење во убав амбиент. Јас играв фудбал со капитенот на Пелистер, Горан Пашовски и повторно ќе бидеме заедно, пријателски, без разлика кој ќе победи. Секако утре ќе бидеме ривали, но потоа остануваме пријатели. Јас се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме ланската титула, изјави Ерхан Селими, тренерот на Шкендија.

„Сите знаеме на кое ниво беше Пелистер минатата сезона, но со новото раководство сигнавме до финале во купот, а остваруваме добри резултати и во првенството.Овој меч битолчани го чекаат 16 години и се надевам дека јас и Гоце Тодоровски повторно ќе го подигнеме пехарот како што тоа го стори Митко Стојковски пред 16 години“, изјави Горан Пашовски, капитенот на Пелистер.

„Не очекува квалитеттен и интересен меч. Имаме почит за Пелистер, екипа која и во шампионатот ни создава проблеми. Посакувам да освоиме пехар за да ја спасиме сезоната, да не останеме без трофеј“, рече Ардијан Цуцули.(Макфакс)

Loading...