Бензема: Дешан лично да ми каже зошто ме нема во репрезентацијата

Карим Бензема бара објаснување од селекторот на Франција, Дидие Дешан, зошто не го повикува во националниот тим и покрај тоа што суспензијата која му ја одреди националниот сојуз му истече.

 

Дури и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел ле Гре, минатиот октомври рече дека Дешан може да го повикува Бензема во репрезентацијата.

„Сите зборуваат дека можам да бидам повикан во репрезентацијата, само тој не. Доколку селекторот в лице ми каже дека не ме повикува поради тоа што не сум во форма, тогаш ќе продолжам напорно да работам. Но, доколку постои друга причина, тоа мора лично да ми го соопшти“, изјавил Бензема за „Лекип“.

Карим Бензема последен пат за француската репрезентација настапил во октомври 2015 година на натпреварот со Ерменија (4:0).

Кога беше обелоденет скандалот со соиграчот Валбуена, тогашниот премиер на Франција, Мануел Валс, изјавил дека за него не треба да има место во репрезентацијата, а добро мислење немаше ниту тогашниот претседател Франсоа Оланд.

Напаѓачот во изјавата за „Лекип“ рекол дека го познава новиот француски претседател, Емануел Макрон, и дополнил дека не очекува помош од него за да биде вратен во репрезентацијата. Тој дополнил дека со Макрон, во минатото, се сретнал три или четири пати и дека вечерал со него.(Макфакс)

Loading...