Тотенхем го декласираше Лестер

Фудбалерите на Тотенхем го победија во гости Лестер со 6:1, во заостанатиот меч од Премиер лигата.

 

Тотенхем го потврди второто место на табелата и една од најдобрите сезони, со головите на четворократниот стрелец Хари Кејн(25,62,89, 90+1) и Хеунг-Мин Сон(36,71), додека голот за сега веќе поранешниот шампион го постигна Бен Чилвел(59).

Тотенхем во пресрет на последното коло има 83 бода, седум помалку од првакот Челзи, а осум повеќе од третопласираниот Манчестер Сити. Лестер е 11 со 43 бода.(Макфакс)

Loading...