Суперкуп: Роналдо резерва, Бејл игра, Матиќ стартер кај Јунајтед

Реал Мадрид како актуелен европски првак и Манчестер јунајтед како освојувач на Лига Европа, вечерва во Скопје се борат за титулата во Суперкупот на УЕФА.

 

Великаните на светскиот фудбал, на стадионот „Филип Втори“ ќе се соочат 13-ти пат на официјални натпревари, Реал е поуспешен победил четири пати, двапати славеле „црвените ѓаволи“, а четири натпревари завршиле без победник.

Суперкупот на УЕФА, Реал го освоил три пати (2002, 2014, 2016), а Манчестер јунајтед еднаш (1991).

Реал и Јунајтед се најпопуларните франшизи во светот на фудбалот, а според некои проценки вредноста на играчите на двата тима кои допатуваа во Скопје изнесува некаде околу 1,3 милијарди евра.
„Кралевите“ и „бебињата“ ги поврзуваат уште две нешта, Португалците Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо. Кристијано во периодот од 2003 до 2009 година одигра 196 натпревари и постигна 84 голови за Јунајтед. Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година и во овој период освои по еден трофеј во првенството, Купот и Суперкупот на Шпанија.

Манчестер Јунајтед (4-3-3):
Де Хеа – Валенсија, Линделоф, Смолинг, Дармијан – Погба, Матиќ, Ерера, Мхитаријан, Лукаку, Лингард.

Можен состав на Реал (4-3-3):

Навас – Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Марсело – Каземиро, Крос, Модриќ – Иско, Бензема, Бејл.

Судија: Џанлука Роки, помошници Ди Либераторе, Тонолини, Маса, Ди Фјоре, Турпан.

Ненад Цветанов

(Makfaks)

Loading...