(Видео) Спектакл во Скопје: Реал заслужено го освои Суперкупот

Реал Мадрид актуелен европски првак ја одбрани титулата во Суперкупот на УЕФА, откако во борбата за трофејот го совлада победникот во Лига Европа Манчестер јунајтед со 2:1 (1:0). Реал го освои овој трофеј по четврти пат во својата историја, а Манчестер јунајтед остана на својот еден единствен трофеј, а во финалињата во Суперкупот го доживеа третиот пораз. Исто така во меѓусебните дуели Реал ја забележа петтата победа, Јунајтед остана на две, а четир натпревари завршиле без победник. Реал победи во Скопје со головите на Каземиро и Иско, а стрелец за Јунајтед беше Лукаку. За играч на натпреварот е прогласен Иско.

 

На стадионот „Филип Втори“, Манчестер Јунајтед прв се закани, кога Ерера со долга топка се обиде да го пронајде Лукаку, но Навас беше побрз од напаѓачот на Јунајтед.

Веднаш потоа се обиде и Бејл, но неговиот итар удар, со петица мина крај голот.

Реал од 15.минуѕа ја презеде контролата врз играта, со куси проигрувања го бараше патот кон голот на Де Хеа.

Каземиро во по корнерот кој го изведе Крос во 16.минута ја погоди гредата, потоа со удари се обидоа Крос и Иско, за Де Хеа да биде совладан во 24.минута. Карвахал упати дијагонала кон Каземиро, кој втрча од втор план, и го погоди споритвниот агол од голот на Де Хеа. Бразилецот во моментот на прием се наоѓаше во сомнителна позиција.

До крајот на полувремето Бензема се обиде, но голманот на Јунајтед го одбрани неговиот удар.

Со истата агресивност Реал влезе и во второто полувреме, а влегувањето во игра на Рашфорд не донесе никаква промена во играта на Јунајтед.

Крос во 47.минута биеше од 18 метри, но Де Хеа со прекрасна парада успеа да одбрани. Минута подоцна Марсело го искористи недоразбирањето помеѓу Мхитаријан и Валенсија, успеа да нафрли, а Смолин во последен момент исфрли во коренер.

Јунајтед не успе да се спаси во 52.минута, кога школска акција изведоа Бејл и Иско, а Шпанецот пласираше крај немоќниот Де Хеа.

Можеше Јунајтед да намали во 54.минута кога Навас го одбрани ударот со глава на Погба, а потоа Лукаку од 7-8 метри биеше високо над голот.

Порозноста на одбраната на Јунајтед не успеа да ја круниса со гол Бејл. Велшанецот доби топка во празно од Каземиро, Де Хеа веќе беше совладан, но дирекот втор пат беше сојузник на шпанскиот голман.

Кога Рела не успеа со повеќе голови да ја круниса својата надмоќ на теренот, Јунајтед намали од случајна акција. Матиќ во 62.минута шутираше остро по земја, Навас само ја одби топката, на која налета Лукаку и ја смести во голот.

Постигнатиот гол ја раздвижи играта на „црвените ѓаволи“, успеаја да го притиснат противникот но не и сериозно да се заканат во наредните десет минути.


Кејлор Навас спречи израмнување во 82.минута по удаорт на Рашфорд, на кој му претходеше прецизно додавање од страна на Мхитаријан.

Веќе во наредниот напад, Реал имаше ситуација „три на два“, а Дармијан пред Бензема исфрли во корнер.

Во тие моменти на теренот влезе најдобриот играч на Реал, Кристијано Роналдо.

Во наредните пет-шест минути падна ритамот на играта, а финишот донесе нови возбудувања. Најпрвин Навас со парада го одбрани обидот на Фелаини со глава, во 90.минута, а минута подоцна Лукас Васкез со вистинска минијатура се мина крај Погба и Дармијан, на повратната топка налета Марко Асенсио, а Де Хеа не дозволи да биде совладан.

Ненад Цветанов(Макфакс)

Loading...