Ливерпул одбил 100 милиони евра за Кутињо

Премиерлигашот Ливерпул ја одбил понудата од 100 милиони евра што Барселона ја понуди за Фелипе Кутињо.

 

Ливерпул вторпат ја одбива понудата на Барселона откако пред десетина дена „црвените“ не ја прифатија првичната понуда од 85 милиони евра.

Клубот од „Енфилд“ се огласи откако вчера каталонските медиуми објавија дека Барселона ги завршила работите за трансферот на Кутињо и дека играчот в петок ќе биде преставен на „Камп Ноу“.

Барселона бара адекватна замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиона евра. н.ц.(Макфакс)

Loading...