Шпанија без Љуљ на Евробаскетот

Еден од клучните кошаркари на Шпанија, Серхио Љуљ, нема да биде во можност да настапи на Европското првенство поради повреда.

 

Плејмејкерот на Реал Мадрид доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар со Белгија, кој Шпанија го загуби со 71:89.

Љуљ на мечот со Белгија ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото поради што ќе паузира од шест до девет месеци.

„Ќе се вратам“, порачал на „Твитер“ играчот на Реал кога дознал колкава пауза го очекува.

Европското првенство ќе се одржи од 31 август до 17 септември. н.ц. (Макфакс)

Loading...