Клоп: Барселона нека внимава, и Меси има откупна клаузула

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милионa евра треба да биде предупредувачки за Барселона бидејќи откупната клаузула на Лео Меси е 300 милиони евра.

 

„Едноставно е, досега такво нешто изгледаше невозможно, но сега кога ќе ја видите листата со клаузули, ќе видите „Лео Меси – 300 милиони“ и тоа дејствува многу пореално отколку што беше пред еден месец. Тоа порано беше нестварна бројка, ја истресле од ракав, во стилот: „Кој би платил 300 милиони“, а сега бевме сведоци дека такво нешто се случи“, рекол германскиот тренер.
Трансферот на Нејмар крена голема прашина, а Барселона и Ла Лига се заканија дека ќе го тужат ПСЖ поради кршење на правилата од финансискиот ферплеј и веќе надлежните во УЕФА започнале да размислуваат за нови регулативи за трансферите.

„Наједноставно решение би било правилото – во кој правец да се движиме и кога сето ова би требало да престане. Најголемите клубови тоа може да го решат, да решат каде би била границата – 150 милиони или 550 милиони, тогаш никој нема да се жали“, дополнил Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, чии клуб в сабота во Вотфорд ја започнува новата сезона во Премиерлигата. н.ц.

 

Loading...