Далеку е мечот помеѓу Џошуа и Фјури

Боксерскиот промотор Едо Херн вели дека се уште не се стекнати условите кои би овозможиле борба помеѓу новиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа и поранешниот првак Тајсон Фјури.

Повеќе: Далеку е мечот помеѓу Џошуа и Фјури

„Актерот“ Стротман суспендиран на два натпревари

Кевин Стротман, во римското дерби ги покажа актерските способности, успеа да изнуди пенал, но поради тој гест ќе мора да паузира на наредните две средби.

Повеќе: „Актерот“ Стротман суспендиран на два натпревари

„Мадрилењо“ во Лигата на шампионите

САНКЦИИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Ако продолжи спречувањето за формирање на демократска Влада може да се очекуваат мерки од ЕУ и САД за кочничарите на демократските процеси!Реал и Атлетико, во вторник, ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Мадридските ривали, во последните три години два пати играа во финалето, Реал победи и во 2014 и во 2016 година, а во 2015 „кралскиот клуб“ го елиминира градскиот ривал во четвртфиналето.

Реал е едниствениот клуб, кој во изминатите три години во нокаут фазата, во Лигата на шампионите, бил подобар од Атлетико. И покрај позитивниот биланс тренерот на Реал, Зинедин Зидан, смета дека неговиот тим нема психолошка предност над ривалот.

„Тоа не значи ништо. Јас не размислувам нуту за финалето во Кардиф. Мораме да победиме, добро сме подготвени. „Наострени“ сме, би сакал мечот сега да започне“, рекол Зидан.

Повеќе: „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите

Лукас Ернандес го обнови договорот со Атлетико Мадрид

Младиот француски репрезентативец Лукас Ернандес го продолжи во понеделник договорот со европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид до летото 2022 година.

Повеќе: Лукас Ернандес го обнови договорот со Атлетико Мадрид

Првенец на Валтери Ботас

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас победи на трката за Големата награда на Русија, која во неделата се возеше на патеката во Сочи. Ботас во Русија победи пред двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Повеќе: Првенец на Валтери Ботас

Лацио победи во „Дерби дела Капитале“

Лацио победи во „Дерби дела Капитале“, одигран во рамките на 34.коло во Серија А. Лацио славеше над Рома 3:1 и на градскиот ривал му ги урна надежите за шампионската титула.

Повеќе: Лацио победи во „Дерби дела Капитале“

Пандев погоди, Џенова загуби од Киево

Горан Пандев постигна гол, негов втор во дресот на Џенова, во Серија А, но Киево ги однесе бодови од „Луиџи ферари“ стадионот, со победата 1:2. Победа во ова голо запиша Палермо над Фиорентина 2:0.

Повеќе: Пандев погоди, Џенова загуби од Киево

Страница 26 од 26